ИЗРАБОТКА НА ШАБЛОНИ
Во рамките на Еуро Нова функционира сопствено шаблонерско одделение кое располага со три работни гербер станици и acunest систем за автоматско вклопување на кројните делови, како и плотер за печатење на лентите за кроење.
Тимот од професионални креатори, дизајнери и моделари, работи согласно потребите на нашите клиенти од земјата и од странство. Истиот нуди поголем број на CAD услуги, меѓу кои: изработка на скица од производите, компјутерска обработка на скица со вметнување на бои од оригиналниот материјал. Нашите услуги опфаќаат изработка на прв шаблон по скица, мостра или замисла на клиентот, кој потоа се градира според потребните барани големини.
Изготвуваме детален опис на моделот, со табела со димензии на истиот, како и готова мостра од моделот за презентација пред клиентот.
За нашите клиенти овозможуваме услуги за електронско вклопување на кројни делови, изработка на кројни слики и печатење на истите на леплива и плот хартија.
Во изработката на шаблоните, опфатени се сите видови на модели од облека и останати модели од текстилни материјали, со претходно нивно тестирање од топлински промени и можност за дополнителни корекции на шаблоните, според вредностите на собирање и издолжување, со што би се овозможил непречен производствен процес на моделите.