КОРПОРАТИВНА ОБЛЕКА

За современата бизнис жена, софистицирана, уредна  и сериозна, нашата колекција на корпоративна облека е вистински избор.

Широкиот спектар на впечатливи и оригинални модели на сакоа, панталони и здолништа, женски кошули, блузи и други модни додатоци, изработени од најквалитетни ткаенини  од реномирани производители од ЕУ, го доловуваат бараниот бизнис стил и експресивната слика на современата бизнис жена  во канцеларијата, работните состаноци и целокупното деловно опкружување.

Внимателно дизајнирана, квалитетно изработена, удобна, ќе го зголеми чувството на комфорност во напорниот работен ден.

Чекорете по патот на успехот, заштедете го вашето време одбирајќи ги нашите бизнис модели, за комплетен визуелен впечаток кај вашите клиенти.