МОДНА ОБЛЕКА

Еуро Нова континуирано ги следи и инвестира во новите технологии во текстилната индустрија, со цел постојано подобрување на квалитетот на нашите производи.

Нашата модна облека е креација на тимот од професионални креатори, кои однапред, пред претстојните сезони, ги подготвуваат нашите колекции. На тој начин, нашите производи навремено се доставуваат во нашите малопродажни продавници и до нашите клиенти во државата, со можност за навремено  задоволување на потребите на нашите потрошувачи.

Капацитетот на производните единици е во зависност од тежината за изработка на моделот и се движи од 5000-8000 парчиња месечно.

Наш асортиман од модна конфекција се женски панталони, здолништа, блузи, кошули, сакоа, маици и др.

Покрај моделите од сопствениот бренд, работиме и лон производство, по нарачка на нашите партнери од земјите од Европската Унија.